
Дали вакцините можат да бидат причина за аутизам?Како екраните влијаат на детскиот развој?Оваа епизода ја посветуваме на нешто за кое што ретко се зборува јавно – светот на децата, за децата со потешкотии во развојот и вистинските предизвици со кои се соочуваат нивните семејства. Ова е разговор за различностите кои не треба да нѐ плашат, туку треба да ги учиме, прифаќаме и поддржуваме. Разговор што ги засега сите родители… дури и оние што мислат дека не ги засега.Во новата епизода разговараме со Михаела – дефектолог и основач на Сложувалка Плус – центар каде што децата не се гледаат низ дијагнози, туку низ можности. Каде што се гради говор, внимание, моторика… и каде родителите добиваат поддршка, а не притисок.Ги допревме и најчувствителните теми: - рани знаци на аутизам- зошто бројката на деца со аутизам расте- кои се трите најчести грешки што ги прават родителите.А ја отворивме и една од најважните — и најболни — теми: инклузијата. Но не онаа на хартија, туку вистинската инклузија што треба да се случува во училниците, во ходниците, на одморите, во секојдневието на детето.Не ја пропуштајте новата епизода на Уште еден поткаст во четврток на 04.11.2025 во 20:00, на YouTube каналот BMG Network