
Дали вакцините можат да бидат причина за аутизам?Како екраните влијаат на детскиот развој?Оваа епизода ја посветуваме на нешто за кое што ретко се зборува јавно – светот на децата, за децата со потешкотии во развојот и вистинските предизвици со кои се соочуваат нивните семејства. Ова е разговор за различностите кои не треба да нѐ плашат, туку треба да ги учиме, прифаќаме и поддржуваме. Разговор што ги засега сите родители… дури и оние што мислат дека не ги засега.Во новата епизода разговараме со Михаела – дефектолог и основач на Сложувалка Плус – центар каде што децата не се гледаат низ дијагнози, туку низ можности. Каде што се гради говор, внимание, моторика… и каде родителите добиваат поддршка, а не притисок.Ги допревме и најчувствителните теми: - рани знаци на аутизам- зошто бројката на деца со аутизам расте- кои се трите најчести грешки што ги прават родителите.А ја отворивме и една од најважните — и најболни — теми: инклузијата. Но не онаа на хартија, туку вистинската инклузија што треба да се случува во училниците, во ходниците, на одморите, во секојдневието на детето.00:00 Интро01:31 Михаела Арсовска - дефектолог и основач на Сложувалка Плус02:43 Како Михаела ја избра професијата дефектолог06:29 Со какви деца најчесто работи дефектологот10:15 Индивидуален третман – како изгледа еден 45-минутен час11:07 Зошто секое дете бара различен третман14:03 Што ја исполнува Михаела во работата15:32 Кога е време да се побара стручна помош17:01 До која возраст децата посетуваат дефектолог19:11 Зошто групната работа не е ефективна21:50 Како изгледа еден работен ден во „Сложувалка“23:44 Атипичен развој – како навреме да се препознае25:16 Зошто родителите доцна ги препознаваат проблемите28:07 Три најчести грешки што ги прават родителите29:25 Екранизација – што треба да знаат родителите30:52 Досадата како извор на креативност32:19 Зошто децата до 4 години не треба да гледаат екрани34:12 Новите цртани – проблем со прекумерни стимуланси35:11 Зошто цртаните треба да бидат на македонски јазик37:42 Врската меѓу екранизацијата и атипичниот развој41:21 Како да се намали зависноста од екрани44:57 Зголемен број на деца со аутизам48:43 Рани знаци на аутизам50:22 Кога се појавуваат првите симптоми51:39 80–90% од децата во „Сложувалка“ се со аутизам53:36 Улогата на спортот во развојот58:54 Инклузија во Македонија – состојба и предизвици01:02:52 Како да се подобри инклузијата01:03:32 Прифаќањето на децата со атипичен развој во група01:06:27 Инклузија има, но е нефункционална01:07:27 Најголемите проблеми во системот01:08:11 Што прави државата за лицата со потешкотии во развој01:10:22 Постојат ли здруженија на дефектолози?01:11:29 Недостаток на решение за лицата со длабока интелектуална попреченост01:13:11 Предизвик: Мит или Вистина01:20:15 Порака од дефектологhttps://www.instagram.com/usteedenpodcast/https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=enhttps://open.spotify.com/user/313emgo...