
💧 Дали знаете колку вода троши Скопје секој ден?Зошто притисокот е слаб, а реалноста е дека Скопје има вода и за повеќе од 1 милион жители?Каде ја губиме водата – и што треба да се смени уште денес?Во новата епизода на „Уште еден поткаст“ разговараме отворено со Дејан Димовски, раководител за електромашински работи во ЈП Водовод и канализација – Скопје.📊 Секој ден низ скопските цевки течат над 350.000 м³ вода.Тоа значи околу 700 литри по човек – повеќе отколку во Лондон, Париз и Берлин заедно!Зошто ја трошиме толку многу?Кој е одговорен?И што можеме сите да направиме за да не останеме без вода?🔔 Не ја пропуштај новата епизода во четврток, 31.07.2025, во 20:00 часот!